Со цел стимулирање на домаќинствата за користење на обновливи извори на енергија за затоплување на своите домови, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени, на жителите кои ќе купат печки на пелети, Министерството за економија ќе им обезбеди поврат на средствата во висина од 50%, но не повеќе од 500 евра во денарска противвредност, се до искористување на предвидените средства во Буџетот на Република Македонија за оваа намена, под услов купувачите досега да не користеле средства од Буџетот на Република Македонија за купување печки на пелети во својот дом.

Право на учество на овој оглас ќе имаат купувачите кои имаат купено печки на пелети во своите домови во периодот од 1-ви септември до 12-ти декември 2018 година и кои ќе поднесат Образец за барање на искористување ма правото на надоместок.

За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите од овој оглас се исполнети, барателот до Министерството за економија задолжително ги доставува следните документи :

-Пополнет образец за барање кој може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на Министерството www.economy.gov.mk

-Доказ во оригинал дека е извршено купувањето печки на пелети, и тоа фискална сметка или фактура со извод од деловна банка (со датум од 1-ви септември до 12-ти декември)

-Изјава заверена на нотар дека барателот досега нема искористено средства од Буџетот на Република Македонија за купување на печки на пелети, образецот може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на министерството www.economy.gov.mk

Едно лице може да поднесе само едно барање за надоместок. Доделувањето на надоместокот е по принцип прв дојден – прв услужен.

Кон барањето потребно е барателот да ја достави и следната документација :

-Фотокопија од личната карта на барателот

-Податоци за трансакциската сметка на барателот.

Целиот текст, како и образците можете да ги превземете на : http://www.economy.gov.mk/doc/2495