Видови на пелети


Генерално пелетите може да се класифицираат во две категории : т.н. пелети од тврдо дрво или hardwood и пелети од меко дрво softwood.

Во категоријата на пелети од тврдо дрво спаѓаат сите листопадни видови на дрва, додека во категоријата на пелети од меко дрво припаѓаат иглолисните дрва.

Многу произведувачи користат мешавина од двата типа на дрва за производство на пелети.

Во праксата не постои голема разлика помеѓу пелетите произведени од тврдо или меко дрво.

Сепак, крајната одлука за изборот е на потрошувачот, во зависност од типот на печката, буџетот за набавка на пелети, и потребата за чистење и одржување на печката.

Факт : Речиси сите печки на пелети кои се произведуваат како гориво може да ги користат и двата типа на дрвени пелети. Многу поважно е каков е составот на пелетите отколку типот на дрво од кое се изработени. Најдобро е при изборот да се одбере произведувач/продавач кој гарантира дека производот е чист и сиров, произведен по EN+ стандард кој гарантира квалитет, со што ќе бидете сигурни дека ќе добиете вистински квалитетен производ – пелети. Производителот поседува сертификат за квалитет во кој се наведени најважните карактеристики на пелетите, остаток на пепел, влага, калорична моќ, густина.

Факт : Пелетите од меко дрво (бор, смрека, чемпрес) генерално имаат поголема калорична моќ, создаваат повеќе топлина и се подолготрајни, и оставаат помало количество на пепел. Односно, пелетите од меко дрво полесно постигнуваат повисока температура и согоруваат повеќе и почисто