Што се пелети


Дрвените пелети се најзастапен тип на пелетно гориво и обично се направени од тврдо набиена пилевина или сроден индустриски отпад од дрво, добиен при мелење на дрвото, производство на мебел, и производство на дрвени материјали во градежништвото. Пелетите може да се користат и како гориво за производство на електрична енергија. Сепак кај нас најзастапено е нивното користење во затоплување на комерцијални станбени и деловни објекти.

Користејќи ја биомасата како гориво значи дека јагленородниот двооксид ( CO2) кој што бил апсорбиран од воздухот додека растението растело, се ослободува назад во воздухот кога горивото согорува. Системот се нарекува јагленородно неутрален, односно пелетите се обновлив извор на енергија.

Енергетската вредност на биомасата е детерминирана со нејзиниот хемиски состав и се мери како џули енергија во 1g гориво ( J/g ) ( меѓутоа во практиката најчесто се изразуваат како MJ/kg или GJ/t). Но, исто така  за практични цели како важен параметар е и волуменскиот показател за горивото изразен преку енергетската густинаПелетите имаат голема густина и можат да се произведуваат со многу ниска содржина на влага (под 10%) која што дозволува да согорат со висока горивна ефикасност. Понатаму, нивната правилна геометрија и мала големина дозволуваат автоматско снабдување на горилницте со многу фино подесување.

Тие се произведуваат во форма на кратки цилиндри со дијаметри 6 – 10 mm и 10 – 30 mm во должина. Нето калоричната моќ на пелетите се движи 4,7 – 5,0 kWh / kg (16.9 – 18 MJ/kg). Густината на пелетите се движи во границите 650 – 700 м3, додека просторните потреби се движат во границите од 1,5 m3/t. Како за енергетска споредба може да се каже дека 2,1 t пелети одговара на 1000 l лесно масло за горење.