Складирање


Почитувани потрошувачи,

Наш предлог е навремено да се обезбедите со квалитетни пелети за претстојната грејна сезона. Најдобар период е март-мај месец кога и произведувачите работат порелаксирано, дрвата се суви при сечење, и квалитетот е гарантирано поголем.

При изборот на некои од нашите пелети, воопшто не мора да се грижите каде ќе ги складирате и дали имате соодветно место за складирање до почетокот на грејната сезона.

Ви нудиме бесплатно складирање во текот на целата година за секоја купена количина над 1000 килограми, во нашиот магацин во Скопје. Магацинот располага со сопствена механизација и работници и ги исполнува сите техничко – технолошки услови за складирање на производ дрвени пелети на иделана температура преку целата зима. Пелетите може да ги подигнувате и сукцесивно, во зависност од Вашите потреби.

Работно време на магацинот : понеделник – петок 08:00 – 16:00 и сабота 08:00 – 12:00.