Сертификати за квалитет


ENplus сертификат за квалитет

EN Plus е највисоко сертификационо тело за сертифицирање на производителите на пелети, формирано во Германија. Пелетите што на својата амбалажа имаат некој од ENplus сертификатите, А1 или А2 класа, се произведени под строга контрола, највисоки критериуми и гарантиран квалитет и карактеристики кои се наведени на самата амбалажа. Со други зборови, го добиваме она што го плаќаме.

За некој производител да се стекне со сертификатот EN Plus, треба да задоволува високи параметри на квалитет, нешто што важи и за А1 и за А2 класата, па така единствениот параметар по кој се разликуваат А1 и А2 класата е остатокот на пепел, односно, за некој пелет да биде рангиран со А1 треба да има процент на остаток на пепел помал од 0,7%, додека пак за А2 класата тој процент треба да биде помал од 1,5%.

ENplus ознаката на амбалажата  претставува репер за пелетите кои се користат како гориво за затоплување. Во последниот правилник на асоцијацијата донесен на 1 август 2015 година, правилник со број 3, утврдено е дека ЕNplus се базира врз основа на интернационалниот стандард за квалитет : ISO 17225-2, кој го заменува претходниот стандард EN-14961-2. ENplus не само што го задоволува новиот стандард, туку воведува и построги критериуми. Овој печат е гарант за ниски емисии на пелетите, греење без проблем во домашни простории, деловни објекти, и висока енергетска вредност. Повеќе за ENplus прирачникот може да дознаете на следниот линк.

 

FSC International сертификат

Претставува глобална непрофитна организација, која ги поставува стандардите за социјално, еколошки и одговорно управување со шумите. Купувајќе производи, во случајов пелети со логото на FSC сте сигурни дека тие се изработени од посебно селектирани шуми, со што се води сметка за зачувување на зеленилото, шумскиот фонд за генерациите што доаѓаат.

Во 2017 година, на пазарот во Македонија веќе имаме пелети произведени со FSC сертификатот, за сега тоа се само Greenheat Austria брендот.