Опис
- Котелот на пелети MC 20 e втор по енергетска моќност во понудата на котли на KEPO. Присутен на пазарот многу години, со докажана сигурност и практичност во експлоатацијата. Најголеми предности на моделот се : мали димензии, висока моќност, одлична изолација, големо искористување на енергијата, лесно одржување и модерен дизајн.
- Котелот обезбедува полуавтоматско чистење на изменувачот на топлина (со еден потег на раката), со што се обезбедува постојан висок степен на искористување на енергијата и заштеда во потрошувачката на пелети. Котелот содржи придружна опрема : експанзионен сад, циркулациона пумпа, сигурносен вентил, славина и автоматско лонче.
- Можност за инсталирање на WiFi конекција за далечинско управување на работата на котелот
Дополнителни опции :
-Можност за инсталирање на WiFi конекција за далечинско управување на работата на котелот
-Можност за проширување на капацитетот со дополнителен резервар за пелети (составен од 62кг + 225кг)
*СЕ сертификат за највисок квалитет класа (5)