Опис
BIOMONTE пелетите се извор на природна, чиста енергија, бидејќи не содржат хемиски адитиви и лепила. Пелетите се со врвен квалитет и енергетска вредност. Современо опремената фабрика за производство зафаќа над 2000 м2 со дневен производствен капацитет од 75 тони. Пелетот е составен од 75% буково дрво и 25% борово дрво, што го прави еден од најкалоричните производи на пазарот. Сушењето ја минимизира влажноста, што обезбедува одлично согорување и голема енергетска вредност.
Влијанието на пелетите врз животната средина е минимално бидејќи количината на јаглерод диоксид емитирана во атмосферата не се зголемува. Биомасата што се користи за производство на пелети е од самите производи, така што фабриката има целосна контрола на квалитетот, поради што може да гарантираат врвни енергетски резултати.