Предности на пелети

 


Општи предности  на пелетите во однос на другите горива:

  • Ја намалуваат зависноста  од нафта и гас
  • Одржливост на изворот на гориво: дрвените пелети се чисти, не и штетат на околината, обновлив извор
  • Цената на пелетите не е диктирана од светските настани; затоа е поприфатлива и предвидлива
  • Ги намалуваат трошоците за одстранување на отпадот (бидејќи се произведува од отпадоци на дрвната индустрија)
  • Помалку пепел и штетни емисии – бидејќи емисиите на пелетните печки се дозволени и во областите со одредени забрани

Предности при домашна уппотреба

  • Поприфатливо за складирање во однос на дрва поради ниската содржина на влага <10%
  • Високо енергетска вредност, а со тоа и пониска цена на дрвото. Еден тон на пелети имат поголема топлинска моќ во однос на еден и пол тони дрво,а зафаќаат само една третина од просторот кој би го зафаќало дрвото.
  • Помалку одржување. Процесот на греење е автоматски. Минимален простор за монтажа (чистење на пепел), нема смоли (поради високата ефективност на согорувањето). Можно е и поставување на котелот без оџак.
  • Економски аспект: исплатливо, бидејќи има мала содржина на влага што резултира со намалени трошоци.
  • Лесно за ракување најлесно гориво за транспорт и снабдување на горилниците. Пелетите со специјални пумпи се пренесуваат од камионите во местото за складирање, а потоа се носат до котелот преку автоматизиран систем.Во споредба со дрвото има помалку волумен за транспорт и складирање (поради високата енергетска густина).
  • Лесно за палење поради константната големина и малата содржина на влага.
  • Квалитет на воздухот – чист. Пелетното гориво е CO2 неутрално,заменувајќи го дрвото,а со тоа подобрувајќи го квалитетот на воздухот. Пелетите се докажано најчисто цврсто гориво за согорување.