Поради зголемен интерес за тековната сезона, објавуваме можност за соработка со правни лица од разни сфери, производствена индустрија, угостителски објекти, туристички објекти, трговски објекти и сите останати кои за сопствени потреби или за производство користат пелет или брикет како гориво.
Нудиме склучување на годишен договор за снабдување со гориво (пелет или брикет), со одредени поволности :
- Гарантирано редовно снабдување
- 24/7 достапност и испорака
- Фиксна цена во текот на целата година
Повеќегодишното искуство, врвната професионална и работната посветеност на нашиот менаџерски и оперативен тим се темелите врз кои што ја градиме својата позиција на сигурен партнер за Вашиот бизнис.
Единствен услов за склучување на договорот е минимална потрошувачка на пелет или брикет од 2000 кг – месечно, во текот на целата година.
За подетални информации за понудата ве замолуваме да се обратите на меил : info@premiumenergy.com.mk или на телефонските броеви 2777-230 и 072 612 272.