Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека од 1 јуни годинава согласно новата одредба на Законот за спречување на перење пари и финансиски тероризам, во земјата е забрането готовинско плаќање на стоки и услуги во износ од 500 или повеќе евра во денарска противвредност како една или повеќе очигледно поврзани трансакции.

Оваа забрана важи и за физички и за правни лица, а доколку се прекрши Законот, следуваат казни во износ од 5.000 до 80.000 евра. Целта на овој закон е да се спречи сивата економија, а граѓаните да можат во готово да купат само нешто ситно.

Ве замолуваме, за износите од 500 евра па нагоре, уплатата да ја вршите со платежна картичка, готовина може да се уплати само во банка со уплатница или фактура.