Изминатите години на нашиот пазар се појавија голем број на брендови на правосмукали за пепел – навидум едноставен, но супштински апарат и помагало со широка примена кај корисниците на пелет, брикет и огрев како гориво за затоплување во зимскиот период.
Што е важно при изборот на квалитетен модел на правосмукалка за собирање на пепел од грејното тело :
– Моќноста на апаратот, за добро и ефектно вшмукување препорачуваме над 1000w
– Компакноста на моделот, потребно е да има голем капацитет за собирање и складирање на пепелта, за да се избегне почесто празнење и чистење на правосмукалката
– Моделот на заштита со филтри, препорачуваме да одберете модел со заштитни филтри на моторот, издувен/усисен заштитен филтер, со што е овозможено долготрајно чистење без запушување на филтрите.

Имајќи ги во предвид овие фактори, во нашата прогама го додадовме брендот Alfa Plam, со 70 години искуство и традиција, еден од најпознатите во регионот – со докажан квалитет.

Правосмукалката за пепел Alfa Plam има пет слојна заштита по што е уникатна на пазарот, содржи : издувен филтер, усисен филтер, заштитен филтер за мотор, руфована платнена вреќа и огноотпорно керамичко платно.
Моќноста е 1200W, што ја прави Alfa Plam вистински избор за правосмукалка за пепел. Може да се користи за собирање пепел од сите типови биомаса и цврсти горива, пелет, брикет, огревно дрво.
Може да се користи и за собирање лесен отпад во градежништвото.

Производот има две години гаранција.

*Новина на пазарот е комбинираната правосмукалка Elegant Combi 2000, се карактеризира со овремен дизајн, лесна и едноставна за ракување, идеална за чистење пепел од отворени и затворени камини на огрев, камини на пелет, котли, шпорети – како и за чистење на стамбени и деловни простории.