Не се сите пелети подеднакви, и знаеме дека на пазарот се нудат секакви варијанти со различен и (не)проверен квалитет.

За среќа постојат неколку едноставни, бесплатни тестови кои може да ги направиме и во домашни услови, со цел полесна идентификација на квалитетот на пелетот што сакаме да го купиме или веќе сме го купиле.

Како да ги тестираме пелетите во домашни услови?

-Потопете неколку парчиња од пелетите во сад со вода. Тие треба да потонат, бидејќи нивната потребна густина треба да биде 1kg/dm3.

-Одберете 5-10 парчиња пелети и преполовете ги со рака. Ако пелетите се приличо потешки за кршење и при кршењето не се ронат целосно во рака, тоа е знак за соодветна компактност!

-Пробајте да здробите неколку пелети во рака. Ако пелетите лесно се дробат, се растураат во раката, тоа е знак за послаб квалитет, слаба густина на пелетот.