ARBOREKO d.o.o. е основана во 2009 година, во склоп на групацијата FAGUS, кој е денес стопански гигант, носител на развој во регионот, и еден од најголемите производители во дрвопреработувачката индустрија во Босна и Херцеговина.

Од извршените анализи, но што е уште поважно од реакциите од потрошувачите, ARBOREKO претставува најквалитетен пелет во регионот. Всушност, од самиот почеток на работење, тие тежнеат кон врвен квалитет и успех, што резултира со добивање престижен сертификат ENplus А1 и А2.

Секојдневно се вложува во унапредување на квалитетот, обновување и развој на технологијата за производство. Како директен резултат на заложбите, најголем дел од пелетот се продава на Западноевропскиот пазар.

Нас ни претставува особена чест и задовлоство што сме ексклузивен партнер на овој врвен бренд, и што преку нас за прв пат во Македонија доаѓаат нивниот пелет и брикет.