ENplus® сертификационото тело полни 10 години!
Деценија помината во постојан развој, непоколеблива посветеност и постојан развој како и активна соработка помеѓу сите актери во организационото тело.
Период на предизвици, но и период на раст и меѓународно признавање.
За овие десет години ENplus® сертификационото тело стана водечка организација за сертифицирање на пелети од дрво и придонесе за развој на пазарот со воведување и одржување на усогласен квалитет на пелети за греење.
Денес има повеќе од 1040 овластени производители на пелети, трговци и даватели на услуги, во 47 земји од светот.
Вкупното производство на сертифициран пелет за оваа година до сега изнесува 13 милиони тони, што претставува околу 69% од вкупната количина произведена на европскиот пазар. Покрај тоа, вкупното производство на произведени сертифицирани пелети од почеток на работењето на сертификационото тело изнесува скоро 74 милиони тони.
За споредба овој волумен е еднаков на околу 8,9 милијарди литри нафта за домаќинство.