Достава до дома

 


Почитувани потрошувачи,

Следејќи ја состојбата на македонскиот пазар изминатите неколку грејни сезони, како приоритет покрај квалитетот на пелетите што ги нудиме, го вклучивме и транспортот до вашиот дом, објект или деловен простор. Наша обврска е да обезбедиме брза и ефикасна испорака и истовар во заемно договорена дата и термин.

За секоја порачана количина над 500 килограми од некои од нашите пелети или брикети, следува бесплатен превоз во реон на град Скопје.

Превозот се врши до бараната дестинација, се истовара со рампа и палетен вилушкар на самото место или на место погодно за истовар во близина, доколку теренот не е пристапен. Доколку од било кои причини теренот не е пристапен, или има забрана за движење на товарни возила, наша обврска е да ја истовариме стоката на најблиската достапна локација.

За испорака на количина под 500 килограми пелети и брикети – во реон на град Скопје, се доплаќа 1.000,00 денари.

Можност за изнајмување наши работници за истовар на поголема количина на пелети.

Слободно контактирајте не во секое време од денот. Нашиот тим ќе ви одговори веднаш со конкретна понуда, решение.