Како изгледа квалитетен пелет?

Не сите пелети се еднакви или стандардизирани, и не можете да купите добар – квалитетен пелет во секоја продавница. Ова не е чудно бидејќи процесот на производство и технологијата се уште се во фаза на иновација, па дури и во најразвиените технологии за греење.

За среќа постојат неколку тестови, кои што може да ги извршат сите потенцијални купувачи, со цел да се идентификува квалитетот на производот кој што го купуваме.

Вистински производители на пелети за греење можат да се наречат само тие кои ги обезбедуваат и гарантираат следните услови :

-Суровина со соодветна чистота, од дрвен чипс или струготина, без додатни адитиви и по можност без кора.

-Максимална количина на влага во суровината до 10%

-При процес на производство да се користи пропишан притисок од 800-900 бари и 90-100 степени целзиусови, должината на парче пелет варира од 2 до 4 милиметри.

-Соодветно ладење на пелетот по процесот на компресирање.

Доколку производителот врши надзор на горенаведените чекори при производсво на пелет, тоа е добар знак за квалитет.

-Површината на пелетот треба да е мазна и сјајна, без пукнатини по неговата должина. Пелетот со таква површина најверојатно има соодветна компакност и цврстина а исто така е соодветна неговата отпорност на абење и абразија.

Предлози за домашни тестови на пелет :

-Потопете неколку парчиња пелет во чаша со вода! Тие треба да потонат бидејќи нивната потребна густина е поголема од 1 кг/дм3.

-Изберете 5-10 парчиња пелети од вреќата и прекршете ги на половина. Ако е тешко да се скршат и линијата на фрактура е остра и правилна, тоа е знак за соодветна компакност.

-Обидете се да здробите неколку парчиња пелет со стискање на раката. Доколку лесно успеете во тоа, станува збор за пелет со слаб квалитет. Исто така при притискањето пелетите не смеат да се искриват во вашата рака, ниту да напукнат, тоа е знак за слаба густина.

-Проверете го пакувањето, амбалажата на пелетот – количината на трошки, прашина на дното. Ако има многу, тоа е знак дека притисокот и температурата не биле соодветни или можеби е пренесен премногу сув материјал во пресата.

 Мирисот на свежи, топли пелети е интензивен и пријатен, но брзо се топи во воздухот, па затоа не може да се користи за класификација во моментот на купувањето.

Секогаш инсистирајте на правилен квалитет кога купувате пелети!