БИОЕНЕРГИЈА
Биоенергијата е обновлив извор на енергија достапен од материјали добиени од биолошки извори. Во својата најтесна смисла е синоним за биогориво, што претставува гориво добиено од биолошки извори. Во својат поширока смисла вклучува биомаса, биолошкиот материјал кој се користи како биогориво, како и општествените, економските, научните и техничките полиња поврзани со користењето на биолошките извори за енергија. Ова е често недоразбирање, всушност бионергијата е енергијата извлечена од биомасата,како што биомасата е гориво и биоенергијата е енергија содржана од гориво.
Биомасата е секој органски материјал кој складирал сончева светлина во форма на хемиска енергија.Како гориво може да вклучи дрво, слама, шталско ѓубре, шеќерна репка и многу други биолошки производи од различни земјоделски процеси.

БИОМАСА
Биомаса е материјал добиен од неодамна живи организми,што вклучува растенија,животни и нивните биолошки производи. Шталското ѓубре, градинарското ѓубре и житните остатоци,сите се извори на биомаса. Тоа е обновлив извор на енергија врз база на јаглероден циклус, за разлика од другите природни ресурси како што е нафтата,јагленот и нуклеарните горива.
Животинскиот отпадок е истраен и неизбежен загадувач, создаден главно од животните сместени во фармите со индустриска големина. Исто така, има земјоделски производи што се одгледуваат за производство на биогориво. Ова вклучува пченка, високи треви и соја главно во САД, семе од репка, пченица и шеќерна репка главно во Европа, шеќерна трска во Бразил,палмово масло и трајна трева во југоисточна Азија.
Биоразградливите производства од индустријата, земјоделството, шумарството и домаќинството може да се искористат за производство на биогориво, користејќи на пример анаеробни варења за да се произведе биогас, гасификација за да се произведе синтетички диоксид или со директно согорување. Примерите од биоразградливи отпадоци вклучуваат слама, дрво, шталско ѓубре, оризови сили, отпадоци и отпадоци од храна. Користењето на биомасни горива може да придонесе во управувањето со отпад, како и за безбедност на горивата и да помогне да се спречат или забават климатските промени, иако самите тие не се сеопфатни решенија за овие проблеми.

ПЕЛЕТ
Пелети се еден вид на високо квалитетно биогориво. Основните суровини за производство на пелети се:
Дрвните остатоци кои се создадоа во процесот на обработка на дрвото
Жетвени остатоци од земјоделието, како и резници од лозовите насади и овоштарници
Исто така за производство на пелети можат да се искористат и шумските отпадоци во вид на гранки. Посебно се интересни шумските отпадоци поради квалитетот на суровината како и можноста за лесно собирање на истите. Денес се во светот за оваа намена се користат мобилни високо ефикасни сецкалици.
Без разлика која суровина ќе ја искористите за производство за пелети (или комбинација од овие суровини) истите морат да поминат ист технолошки процес. Тоа значи да одкако ќе ја соберите суровината истата мора да се иситни и да се стави во ротационен дехидратор – сушара. Пластично да ви објасниме ова е исто како и лото барабан – иситните парчиња на суровината ротираат во барабанот и во таа циркулација се сушат под влијание на топлиот воздух или под влијание на топлите ѕидови на дехидраторот.
Осушени покрупни или поситни парчиња на суровината понатаму влегуваат во циклон, каде што се издвојува топлиот воздух кои што излегува низ оџак а суровината паѓа на дното на циклонот. Со помош на транспортниот систем, суровината се понатаму дополнително ситни додека не стани погодна за производство на самите пелети. Сите системи за производство на пелети се во целост автоматизирани, а самиот дехидратор има автономен систем за детекција и за гаснење на пожар.

БРИКЕТ
Денес еден од најефикасните и најекономичните начини за производство на топлина е со помош на брикети. Брикетите како такви можат да бидат изработени од остатоци од дрвен отпад, остатоци од лозарство и овоштарство и други видови на биомаса. Технологијата за изработка на брикети денес е достапна речиси за сите по прифатливи цени. Во време кога цената на сите енергенси за греење оди нагоре, цената на брикетите има тенденција да се намалува. Еден од начините за производство на брикети е со помош на слама која ја има во изобилие во земјоделието, а која најчесто се запалува на полето и не се искористува. Брикетите од слама имаат големи предности во однос на другите видови горива како што е:
3,5 помала цена од огревното дрво кое денес е главен начин на греење низ домовите во Македонија (цената на сламата изнесува 0,02 €/кг). Во однос на нафтата е 3,6 пати помала цената, а во однос на електричната енергија таа цена е дури 5 пати помала. Со напомена дека цената на електричната енергија оди постојано нагоре, за разлика од цената на брикетите која има тенденција на намалување.
Брикетите од слама оставаат значително помалку пепел во однос на дрвото и имаат повисока калорична моќ.
За брикетите нема потреба од посебни горилници. Тие можат да се користат во повеќето котли и камини како директна замена за дрвото или јагленот.
Брикетите имаат облик на цилиндер со висина од 14 cm, дијаметар 7 cm, маса 480 грама, влажност од 8-10% и топлинска моќ од 16 – 17 МЈ.