Градот Скопје, со цел да ги стимулира жителите на град Скопје (домаќинствата) за примена на почисто гориво и поквалитетни печки за затоплување на своите домови, кои
имаат повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот, на жителите кои ќе купат печки на пелети од денот на објавување на Јавниот повик – 01 Ноември 2018
година, ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на печка на пелети во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по
домаќинство.

Јавниот повик трае 30 календарски дена од денот на објавувањето – 1 ноември 2018 година заклучно со 30 ноември 2018 година или до исцрпување на предвидените
финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв.

Доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена, Градот Скопје ќе ја информира јавноста на својата веб страна
дека Јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен.

Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден прв услужен“.

Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на градот Скопје (во општините: Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров,
Бутел, Сарај) кои ќе купат печка на пелети за затоплување на своето домаќинство (станбен објект) од денот на објавувањето на Јавниот повик до денот на завршувањето на повикот и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на печка на пелети. На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен
објект со приклучок на градско централно греење, без оглед на тоа дали го користат, како и жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект во фаза на градба и не живеат во истиот.

Услови кои треба да ги исполни барателот :

Барателот треба да ги исполни следните услови:
– да е жител на град Скопје (општините: Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел, Сарај);
– да нема добиено финансиски средства за набавка на печка на пелети од било кој извор во Република Македонија;
– до поднесување на барањето да е корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут;
– новата печка на пелети да ја купи од денот на објавување до денот на завршување на Јавниот повик (30 календарски дена) и истата да биде инсталирана на адресата на
живеење наведена во личната карта на барателот;
– станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее;
– да нема приклучок на градско централно греење во станбениот објект каде што е инсталирана печката на пелети, без оглед на тоа дали го користи;
– да има платено данок на имот за станбениот објект каде е инсталирана печката на пелети, заклучно со 2017 година;

Подетални информации за начинот на пријавување на јавниот повик за субвенции, неговото спроведување и начин на остварување на правото на надомест на следниот линк :

http://www.skopje.gov.mk/Uploads/%D0%88%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8%20%D0%9F%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%86%D0%B8/%D0%88%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD%20%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BA%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BF%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D1%82%D0%B8_2018_1.11.2018.pdf