Испорака и враќање

 

Политика за враќање
Премиум Енерџи обезбедува враќање на производи и средства единствено за производите кои се купени и платени од www.premiumenergy.com.mk под долу наведените услови:

Производот, кој е неотпакуван и неупотребуван може да се врати во рок од 7 дена, заедно со приложената фактура и испратница и истиот може да го замените со нов. Во овој случај, Ве молимe да не информирате за Вашето барање и да го доставите на адреса: ул. Јабланица бр. 18Б, Скопје.

Во случај да барате враќање на паричните средства, тоа можете да го остварите само доколку производот го вратите неупотребуван и во оригиналното пакување, со приложена фактура и испратница во период од 7 дена од приемот на производот. Парите ќе Ви бидат префрлени на истата банкарска сметка која сте ја користеле при плаќање на производот, со задршка на трошоците за банкарски провизии, пакување и дистрибуција.

Во случај кога ќе се забележи дека производот е користен, отпакуван (изваден од амбалажа) или е оштетен, но не од наша страна, тогаш износот на вратените средства ќе биде намален од 50- 80% од цената на чинење.

Премиум Енерџи има резервирано право да ја менува Политика за враќање на производи и парични средства. Сите ревизии или промени ќе стапат во сила веднаш со нивното објавување на веб страницата www.premiumenergy.com.mk . Нашата политика за Враќање на производ и парични средства, е достапна на нашата веб страницата. Ви препорачуваме при секоја посета на веб страницата да ги погледнете објавените измени од Политиката за враќање.

Политика на испорака
Нарачаните производи ќе ви бидат доставени со испратница, a електронската фактура за извршеното плаќање ќе ја имате веќе добиено по електронска пошта. Купените производи ќе Ви бидат доставени до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака. Трошоците за испорака се пресметуваат според одбраниот начин на плаќање, и во зависност од моментални акции или промоции на www.premiumenergy.com.mk. Динамиката на испорака ќе зависи од начинот на испорака кој сте го избрале.